Синот на светскиот тенор Андреа Бочели, Матео Бочели ќе одржи концерт во македонската Филхармонија на 15 јули идната година. Концертот е дел од во рамките на турнејата „Summer Nights“ (Летни ноќи) во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија, најавуваат од „Пасворд продукција“.

– Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On Me“ со неговиот татко во 2018 година, па сè до изведбата на обновената верзија на „Time To Say Goodbyе“ со нова композиција од Ханс Цимер на Оскарите во 2024 година, Матео Бочели ја восхитува публиката ширум светот. Со неговиот импресивен талент и распродадени турнеи тој го трасира новиот пат во уникатниот стил – велат организаторите.

Матео Бочели зад себе има настапи на дел од најголемите светски сцени. Неговата турнеја „A Night With Matteo“ ги распродаде глобално познатите концертни сали, вклучувајќи ја операта во Сиднеј и Куќата на славните во кантри музиката, но и настапи за кралското семејство на Велика Британија и за отворање на концертот на легендарниот Лајонел Ричи. Неговиот деби настап во живо на 18-годишна возраст беше во римскиот Колосеум, а во 2018 година тој и неговиот татко го објавија „Fall on Me“, возбудлив дует кој собра над 400 милиони глобални преноси до денес.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *