Проектот, насловен „Златната Пеперутка“, во режија на Гоце Цветановски, е селектиран за учество на реномираниот Анимациски форум за Централна и Источна Европа , кој ќе се одржи во Плзењ, Чешка, од 4 до 6 ноември 2025 година.  CEE Animation Forum е водечка европска платформа за презентација, финансирање и копродукција на анимирани проекти.

Оваа селекција е уште едно признание за успехот на „Светот на Биби“, најпопуларниот детски бренд во Македонија со повеќе од 120 милиони прегледи на „Јутуб“ и ТВ прикажувања во шест држави во регионот.

Проектот ќе учествува во натпреварувачката програма на форумот, и е ко-продукција на Светот на Биби и продукциската компанија на Цветановски, Македонска Крепост.

Цветановски во моментов е актуелен со Јон Вардар против Галаксијата, првиот македонски долгометражен анимиран филм кој беше прикажан на дваесетина фестивали и сè уште патува низ светот, а со филмското деби „Бизнисот на задоволството“ освои 10 меѓународни награди.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *