Градови како Дубровник и Талин успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, притоа одржувајќи ја безбедноста и удобноста на туристите и жителите.
Дубровник е најбезбедниот град во Европа, според новото истражување на туристичкиот оператор „Ривиера травел“, кој ја објави својата ранг-листа на најбезбедните градови на континентот.
Индексот на најбезбедни дестинации ги оценува европските градови врз основа на порастот на криминалот во последните пет години и моменталното ниво на криминал, за да се добие комбиниран резултат за безбедност. Колку е пониска бројката, толку е побезбедна дестинацијата.
– Овие наоди потврдуваат дека Европа нуди одлична култура и убавина, како и ненадмината безбедност. Од средновековниот шарм на Дубровник, преку неверојатниот хоризонт на Прага, до живописната убавина на Цирих, најбезбедните дестинации во Европа ви дозволуваат да шетате безгрижно – изјави Џоан Лин, раководител на европскиот сектор во „Ривиера травел“.
Таа додава дека иако овие градови се рангирани како најбезбедни, важно е и понатаму да се преземаат мерки на претпазливост и да се биде внимателен при посетата на нови дестинации.
Кои се најбезбедните градови во Европа?
Иако европските градови генерално се сметаат за безбедни во споредба со глобалните, следните дестинации ја подигнуваат безбедноста на повисоко ниво:
1. Дубровник, Хрватска
Најпознатиот град во Хрватска, наречен „Бисерот на Јадранот“, е и најбезбедниот. Дубровник е дел од листата на светско наследство на УНЕСКО благодарение на добро зачуваниот Стар град и извонредната средновековна архитектура.
И покрај тоа што е една од најпопуларните дестинации за забава во Европа, нивото на криминал е многу ниско, а растот на криминалот во последните години е минимален.
Градот е погоден за вечерни прошетки, дури и сами, со добро осветлени улици во стариот град.
2. Талин, ЕстонијаОценка за безбедност: 55,8
Една од најбезбедните престолнини во Северна Европа, со многу ниско ниво на криминал.
Стариот град е дел од УНЕСКО како исклучително зачуван пример на средновековен северноевропски трговски град.
Голем дел од локалните жители зборуваат англиски, што ја олеснува комуникацијата со туристите.
Преку апликацијата „Болт“ постои и услуга „Жени за жени“, која им овозможува на патничките да побараат возачки-жени.
3. Варшава, Полска
Оценка за безбедност: 60,2
Иако има умерен раст на криминалот во последните пет години, моменталното ниво е многу ниско.
Реконструираните историски квартови и модерните делови привлекуваат бројни туристи.
Силното полициско присуство и добро осветлените јавни простори придонесуваат за чувство на сигурност, дури и ноќе.
4. Прага, Чешка
Оценка за безбедност: 50,9
Има умерен пораст на криминалот, но сè уште многу ниско тековно ниво.
Градот на сто кули нуди импресивни глетки и сигурност.
Полицијата активно се справува со џепарење и други прекршоци, а градот има и ефикасен систем за надзор.
5. Краков, Полска
Оценка за безбедност: 64,3
Ниско ниво на криминал, со умерен раст во последните години.
Високото полициско присуство, особено во туристичките зони, ја зголемува безбедноста и ја намалува шансата за инциденти.
Јавниот превоз е генерално безбеден и навечер.
6. Амстердам, Холандија
Умерен пораст на криминалот, но моментално е на ниско ниво.
Холанѓаните имаат висока доверба во полицијата, што го зголемува пријавувањето на инциденти.
