Дизел горивото поскапува за 14,5 денари, а бензините за пет денри од ноќеска на полноќ, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од утре една минута по полноќ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 79,5 денари за литар, додека моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,5 денари за литар.

Според новиот ценовник, еден литар дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС  ќе чини 85,5 денари.

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел, бидејќи повеќе големи производители од Блискиот Исток го намалија производството, иако разговорите за координирано ослободување на резервите го намалија притисокот на пазарот погоден од војната на Блискиот Исток.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *