Од 15 до 17 ноември за првпат во Штип ќе се одржи Балканско првенство во Самбо борење за млади. Ќе учествуваат натпреварувачи од Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Црна Гора, Македонија, Турција, Кипар.
Ќе има натпревари во 9 категории и во машка и во женска конкуренција. Од Македонија ќе се натпреваруваат 18 самбисти истакна за Angels FM Бобан Данов
Натпреварите ќе се одржат во салата на Општинското основно училиште Тошо Арсов во Штип.