Сезоната продолжува со извонредни резултати за младите борачи на БК Балканец, кои уште еднаш покажаа врвна форма на меѓународната и домашната сцена. Под водство на искусните тренери Миќи Тодоров, Давор Тасев, Бобан Данов, Виктор Богданов.
Младите таленти на клубот остварија извонредни резултати на различни натпревари, и потврдија дека Балканец е едно од најсилните имиња во македонското борење.
Меѓународен успех на младите борачи:
На престижниот меѓународен турнир, младите борачи Лука Ананиев и Христијан Димитријев го покажаа својот талент и упорност. Христијан Димитријев се закити со сребрен медал, додека Лука Ананиев ја освои бронзата, вметнувајќи се во топ 3 во силна конкуренција од најдобрите борачи од регионот и светот.
Државно првенство – доминација на Балканец:
На Државното првенство до 20 години, кое се одржа во Радовиш.
Стефан Стојков и Стојанче Стојков се искачија на врвот, освојувајќи первото место во своите категории, додека Никола Гацов, Андреј Трајчев и Тео Стојков го освоија второто место –
На овој натпревар, Кадир Назифоц, Дамјан Смилков и Јован Стефанов успеаја да го освојат третото место, што е огромен успех за младите борачи и нивниот тренажен напор.
Извонредни резултати во женска конкуренција:
Не само во машка конкуренција, туку и во женска категорија Балканец беше незаобиколен. Марија Цветанова, Мелани Митевска и Анабела Данилова успеаја да го освојат првото место во своите категории, покажувајќи фантастичен талент и силна конкурентност.
Екипни успеси на Балканец:
Во екипна машка конкуренција, борачите на Балканец ја освоија победничката титула, додека женската екипа го освои второто место.
Изминатиот викенд 16 кратниот освојувач на домашните првенства Дејан Митров учествуваше на Европското првенство во Братислава.
Инаку претстојниот викенд ќе се одржи Државното првенство во Штип за кадети до 17 години каде што домаќин ќе биде БК Балканц во салата Коле Нехтенин. Според престедателот на клубот Виктор Богданов се работи за важно првенство пред се за мотивација и селекција на Европското првенство кое ќе се одржи во јуни во Скопје.