Четирите астронаути на мисијата „Artemis II“ на НАСА влегоа во доменот на гравитационото поле на Месечината.

Астронаутите ќе минуваат зад Месечината во околу 00:47 часот по средноевропско време, радио и ласерските сигнали, што овозможуваат комуникација помеѓу вселенското летало и Земјата, ќе бидат блокирани од самата Месечина.

Екипажот навлезе во оваа делница од вселенскиот лет по четири дена, шест часа и две минути од почетокот на мисијата, на оддалеченост од околу 62.800 километри од Месечината и 373.400 километри од Земјата, пренесува „Гардијан“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *