Штипскиот архив, сместен во градот Штип, историки објект и една од најстарите згради во градот, богат со историски документи кои сведочат за минатото на регионот и на целата земја. Во депото на архивот се чуваат значајни документи од различни области на животот, меѓу кои и сведетелства за завршено основно образование потпишани од револуционерот Гоце Делчев, кои датираат од времето кога учителствувал во штипско Ново Село. Ова е само еден од многуте историски документи кои се чуваат во архивот, кој започнува со документи од 1895 година и продолжува со архивски материјал од почетокот на 20-тиот век.

Angels FM Денеска беше во посета на Државниот Архив-одделение Штип каде одблиску се запозна со работата на Архивот и разговараше со раководителот Зоран Минов

Најстари документи

Свидетелства за завршено основно образование на двајца жители од штипско Ново Село потпишани од револуционерот Гоце Делчев, додека учителствувал токму во училиштето, се едни од најстарите документи што се чуваат во депото на штипскиот архив.

Хронолошки, најстарите документи во фондовите и збирките во Одделение Штип потекнуваат од 1895 година, како и архивски материјал од почетокот на 20 век. Сепак, централниот дел на архивската граѓа го претставува материјалот создаден по 1944 година.

Според евиденцијата во депото, на одредена температура и влажност на воздухот се чуваат 674 фондови, во 10.000 архивски кутии и околу 4.000 книги.

Најзначајните просветни фодови се: фондот “Реална гимназија – Штип” (1923-1940) и фондовите за средните и основните училишта. Верските фондови се од Православната црква (1918-1948) – архијерејски намесништва, парохии, цркви и манастири и од Исламската верска заедница (1921-1946) – муфтиствата во Штип, Кочани и Радовиш.

Позначајни семејни фондови се: “Балванлиеви” (1894-1957), “Караѓозови” (1918-1924) и “Хаџи Кимови” (1900-1940). Збирките се составени од биографии и мемоари на учесниците во НОБ од Штип (1939-1945), поткрепени со фотографии.

Еден од најзначајните аспекти на архивот се документи поврзани со индустрискиот развој на Штип и источниот регион. По затворањето на големите текстилни комбинати и рудници, архивските работници собирале документација која сега служи како сведоштво за тие индустриски периоди, а многу од овие документи сега се користат од страна на работници кои бараат информации за пензија.

Штипскиот архив не е само место за чување документи, туку и важна локација за истражувачите и граѓаните кои бараат историски податоци, седејќи во специјално дизајнирана соба за истражување, која овозможува преглед на богатото историско наследство на регионот.

Се чувањето на овие документи и продолжувањето на архивацијата има клучна улога во зачувувањето на културното наследство на Штип и Македонија.

Кои други документи се чуваат во Архивот

Затворањето на големите текстилни комбинати „Македонка“ и „Астибо“ во Штип, но и приватизацијата и одење во стечаи на рудниците или на други фабрики во источниот регион во деведесеттите. По затворањето на овие големи комбинати и рудници вработените од Архивот влегувале во нив и ја собирале целокупната документација. Токму овие работници за да ги комплетираат документите за пензија, често тропнуваат на вратата и се обраќаат во Државниот архив во Штип, каде има документација од фирмите за работниците. Годишно до штипскиот архив се поднесуваат од 1.200 до 1.400 барања од граѓаните. Документите се зачувани во депоата, а работниците благодарение на нив заминуваат во пензија.

Зградата од 1956

Архивот во Штип е формиран во 1956 година, а денес работи како подрачно одделение во рамките на Државниот архив на Република Македонија

Проектот за објектот на Архивот на град Штип е изработен од архитектот Георги Константиновски. Бидејќи локацијата се наоѓа на врвот на едно експонирано ритче сред град, авторот настојувал на објектот да му даде монументален карактер т.е. да делува како место на препознатливост. Во однос на концептот на објектот, депото се развива по хоризонтала, а административниот дел во којшто на верижен начин се обработува архивската граѓа се потенцира во височина.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *