„Анора“, приказната за њујоршка сексуална работничка која добива нова шанса во животот откако ќе се омажи за богат руски клиент, доминираше на 97. Оскари, освојувајќи пет награди, меѓу кои и за најдобар филм. „Бруталист“ се закити со три оскари, а „Емилија Перез“ со два, иако имаше дури 13 номинации.

Сите добитници:

Најдобар филм: „Анора“, продуциран од Алекс Коко, Саманта Куан и Шон Бејкер

Главна машка улога: Адриен Броди, „Бруталист“

Главна актерка: Мајки Медисон, „Анора“

Споредна машка улога: Киеран Калкин, „Вистинска болка“

Споредна женска улога: Зои Салдања, „Емилија Перез“

Режисер: Шон Бејкер, „Анора“

Оригинално сценарио: „Анора“, Шон Бејкер

Адаптирано сценарио: „Конклава“, Питер Страган

Долгометражен анимиран филм: „Потопот“

Краток анимиран филм: „Во сенката на чемпресот“

Меѓународен филм: „Сè уште сум тука“ (Ainda estou aqui), Бразил

Долгометражен документарен филм: „Единствената земја“

Краток документарец: „Единствената девојка во оркестарот“

Краток игран филм: „Јас не сум робот“ (Ik ben geen robot)

Оригинална музика: „Бруталист“

Оригинална песна: „Ел Мал“ од филмот „Емилија Перез“

Звук: „Дина: Втор дел“

Сценографија: „Злица“

Фото: „Бруталист“

Шминка и коса: „Супстанција“

Костимографија: „Злица“

Монтажа: „Анора“

Визуелни ефекти: „Дина: Дел 2“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *