Светски познатиот италијански тенор Andrea Bocelli ја претстави новата верзија на дуетот „Vivo por Ella“, со Karol G, петкратна добитничка на Latin Grammy и Grammy награди.

Новата верзија на една од најпознатите песни на Bocelli, носи модерна и свежа интерпретација, а го најавува и албумот на Bocelli „Duets“, со кој на крајот на октомври ќе ја одбележи триесетгодишнината од неговата импресивна кариера.

Колекцијата ќе има 32 песни, вклучувајќи и дуети со Ed Sheeran, Celine Dion, Sarah Brightman, Dua Lipa, Jennifer Lopez, Giorgia и Luciano Pavarotti, но и нови соработки со Shania Twain, Chris Stapleton, Gwen Stefani, Marc Anthony, Sophia Carson, Lauren Daigle, Eliya, Matteo Bocelli и Hans Zimmer.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *