Жикица Ивановски е првиот од тројцата македонски херои кои ја завршија најтешката и најекстремната трка во Италијанските Алпи, со вкупна должина од 330 километри, за точно 108 часа. Заедно со Жикица, во трката учествуваа и Катерина Шиповиќ и Радмила Јованова.

Оваа трка претставува вистински тест на издржливоста и менталната сила на натпреварувачите, поминувајќи 330 километри и совладувајќи вкупно 26.000 метри висинска денивелација.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *