Александра Јанева ја освежи македонската музичка сцена со легендарната балада „Ми подаваш рака“. Со модерен аранжман и свој препознатлив глас, таа ѝ вдивна нов живот на песната, зачувувајќи ја нејзината топлина и емоција.
Оригинално испеана од Даниела Панчетовиќ, со текст на Ѓоко Ѓоргиев и музика на Мане Колев, оваа композиција и денес допира до новите генерации. Јанева успеа да го пренесе истото чувство на љубов и сигурност, но во современ звук кој освојува од прво слушање.