Поп дивата Калиопи денес одржи промоција на новиот албум.

Станува збор за музички проект кој бил создаден по повод нејзината 40-годишна соработка со Ромео Грил.

Калиопи (57) уште како дете започнала да учествува на детски музички фестивали, а својата сериозна музичка кариера ја започна со авторот Ромео Грил, кој е нејзин поранешен сопруг, во бендот ,,Калиопи”.

Во осумдесеттите години нивниот хит ,,Лео” ја освои југословенската музичка сцена, и од тогаш започна нивниот естраден успех.

Песната ,,Роѓени” пак, чиј автор е Ромео, стана една од најпопуларните балади во Југославија и еден вид на лична карта на Калиопи.

Иако пред повеќе години се разделија како брачен пар, тие двајцата ја продолжија соработката. Го имаат синот Пако кој не се експонира во јавност, а често знаат да изјават дека и по разводот останале најдобри пријатели и соработници.

Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Во 2011 од страна на МРТ таа ја доби можноста да ја претставува Македонија на Евровизија 2012 во Баку каде успеа да се планира во финалето на фестивалот и го освои 12 место со песната „Црно и бело“.[2]

На 24 ноември 2015 година, од страна на МРТ таа повторно ја доби шансата да ја претставува Македонија на Евровизија 2016 во Стокхлом. Калиопи во Столкхлом ќе ја претстави Македонија со песната “Дона” од авторот и писателот Ромео Грил.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *