Во последните недели, во неколку населби на Штип, забележани се глутници на бездомни кучиња, што предизвика сериозна загриженост кај жителите на градот. Најголема фреквенција на овие кучиња е забележана во населбите „8-ми Ноември“ и „Сењак“, како и во централните делови на Штип. И покрај тоа што локалните власти извршиле неколку акции за заловување на бездомните кучиња, прашањето што се поставува е дали овие акции се ефективно реализирани?

Најновиот инцидент, во кој граѓанин беше каснат од куче-скитник во центарот на Штип, дополнително ја зголеми загриженоста меѓу жителите.

И покрај објавите од Општина Штип за реализирани акции и заловени 20 бездомни кучиња, кои биле транспортирани во Куманово, оваа бројка не изгледа доволна, особено ако се земе предвид на честата појава на бездомни кучиња на јавни места и бројни пријави од граѓаните.

Според изјавите на комуналниот инспектор  Општина Штип и ветеринарниот оператор од Куманово спровеле три акции за заловување на бездомни кучиња, кои биле реализирани по реакции и барања на жителите.

Фотографиите и сведоштвата на граѓаните ја потврдуваат забележаната ситуација, што укажува на тоа дека проблемот не е ни најмалку решен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *