Состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија е повторно во фокусот на јавноста, веднаш штом температурите почнаа значително да опаѓаат. Скопје, Битола, Тетово и Куманово се едни од најпогодените градови, каде загадувањето со штетни честички, особено PM2.5 и PM10, достигнува високо ниво. Здравствените и еколошките експерти континуирано предупредуваат на сериозните ризици по здравјето на населението кои произлегуваат од продолженото изложување на загадениот воздух.Според нив, најранливи се постарите лица, децата, како и сите оние кои имаат хронични респираторни заболувања, што ја прави состојбата уште поалармантна.
Први органи кои се засегнати од контакт со ПМ-честичките, како што појаснува, се очите и органите за дишење, при што во контакт со очите предизвикуваат нивна иритација придружена со чувство на печење, жарење.
Неколку препораки:
Да не се отвораат прозорците во период на поголема аерозагаденост.
Да се избегнува физичка активност, односно да се намали напорната физичка активност како спорт и рекреација кога аерозагадувањето е најголемо, особено на отворено.
Да се зајакнува имунолошкиот систем со консумирање храна која изобилува со овошје и зеленчук.
Да не се пуши во затворени простории и да се користи прочистувач во секоја просторија каде се наоѓаат децата, прочистувач без јонизатор со хепа филтри.