Викендите најчесто се време кое секој вработен го чекаат со нетрпение. Извршната власт во секоја земја решава дали ќе има спојување на викенди и кога истите ќе треба да се одработат.

Македонија не е меѓу земјите со најмногу официјални празници, ниту со подолги одмори. Во однос на другите земји во светот се наоѓаме некаде во средината.

Погледнете како одмараат луѓето во некои од другите земји во светот:

Во Грција викендите се спојуваат, како кај нас, а потоа се одработуваат.

Одработување на викенди во Франција нема. Спојувањето им станува со пуштање на отсуство или со договор меѓу работодавецот и вработениот. Официјалните викенди во земјата се 10.

Италијанците имаат право на минимум 20 дена годишен одмор и 12-13 празнични денови. Во случај вработен да сака повеќе од еден ден во неделата, тој мора да си побара одмор.

САД е единствената држава во која нема законски гарантиран одмор. Американците можат да си дозволат неограничен број дена одмор.

Во Кина платено отсуство е до 15 дена, а големината зависи од стажот на работникот. Во земјата сепак има неколку национални празници, на кои се одмора по 7 дена. Такви се Кинеската нова година и Националниот празник на Кина.

Јапонците можат да одмораат 18 дена во годината. Тие имаат и многу празници – околу 18 во година.

Бразил е рекордер по најдолг одмор во светот – минимум 41 ден годишно. Само за карневалот во Рио де Женеиро, Бразилците одмораат по една недела.

Според националните календари и законски уредените денови за празнување, Македонија е меѓу земјите во Европа со најмногу празници во годината, заедно со Кипар и Словачка.

Со Законот за празници во Македонија како неработни денови за сите граѓани се прогласени 11 државни празници. Во оваа група влегуваат Нова Година, 7 јануари – Божик, 1 Мај – Денот на трудот, вториот ден на Велигден, 24 Мај посветен на Св. Кирил и Методиј, 2 Август – Денот на Републиката, првиот ден на Рамазан Бајрам, 8 Септември- Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание, 23 Октомври Денот на револуционерната борба и 8 декември – Св. Климент Охридски.

Покрај државните се празнуваат и верски празници. Така за верниците од православна вероисповед уште пет дена се неработни – Бадник, Водици, Велики Петок, Духовден и Голема Богородица. Верниците од католичка вероисповед празнуваат уште три дена – католички Божик и Велигден и Празникот на сите светци. Припадниците на муслиманска вероисповед, пак, го одбележуваат Курбан Бајрам.

Согласно законот и секоја етничка заедница има свој празник, па листата на празници се зголемува за уште по еден ден за припадниците на албанската, српската, турската, ромската, влашката, еврејската и за бошњачката заедница.

Словенија рекордер во регионот

Во регионот рекордер е Словенија со 15 дена државни празници, еден ден помалку има Хрватска, 13 има Бугарија, а  Грција  12 дена. Во Федерацијата Босна и Херцеговина иако нема закон за празници како државни празници, односно за задоволување на верските и традиционалните потреби се одбележуваат 10 дена. Во Република Српска, пак, за неработни прогласени се 11 дена.

Србија е на дното на листата со само осум неработни празнични дена годишно како државни празници, но за неработни денови во оваа земја се прогласени и неколку верски празници, па вкупната бројка неработни денови изнесува 13. Така за православните верници и за католиците неработни се и Божик прв ден, како и четири дена Велигден, соодветно согласно нивниот календар. Покрај ова, христијаните имаат право на неработен ден за семејната слава, припадниците на исламската заедница го празнуваат првиот ден од Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам, а евреите Јом Кипур.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *