Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.

Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува најновата стаистика.

Инаку во Штип во последен период секоја празна локација односно дуќан се корсти за обложувалници. Само во центаралното подрачје  има над 20 обложувалници и казина, а ги има и низ поголемите штипски населби Сењак, Баби, Автокоманда односно пазар и 8ми-ноември. Загрижува и фактот дека во текот на овој месец е предвидено да се отворат  уште три нови казина.

Пред една година, Владата донесе одлука просториите за приредување на игри на среќа да бидат на одалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. На ова реагираа и од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, додавајќи дека се става клуч на врата на гранка која вработува повеќе од 10 илјади граѓани.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *