Денес ја претставува моќта во телекомуникациската дистрибуција во Македонија. Телекабел е лидер кој денес слави 28 години успех. На 15јануари 1997година среда го прави првиот приклучок на кабелска телевизија во Македонија. За овие години компанијата бележи континуиран раст поставувајќи сопствена мрежа во 17 градови во Македонија.
На денешна дата, различна година но ист ден среда, како среќен ден слави и наздравува за 28 успешни години.
Нудејќи квалитетна услуга за многу пристојни цени оваа компанија низ годините допринесе да падне монополот од големите телекомуникациски компании и достапност на телекомуникациските услуги скоро во секое семејство во државата за што говорат и европските истражувања и високо ја рангираат Македонија во државите кои имаат највисок број на домашни интернет корисници.
Следејќи ги најсовремените трендови, последните години постојано инвестира во промена на сопствената коаксијална мрежа која заменува со нова оптичка мрежа. Велес е првиот град во Македонија каде целосно е исклучена коаксијална мрежа на Телекабел и целиот град е приклучен на оптика.
Телекабел е единствениот телекомуникациски бренд со 100% македонски капитал и БЕЗ ОБВРЗУВАЧКИ ДОГОВОР, што само по себе зборува за квалитетот на услугите и нивото на посветеност на сите вработени во Телекабел. Сите канали вклучувајќи ги и премиум каналите Арена Спорт во Телекабел се БЕЗ ДОПЛАТА.
Среќна годишница! Нека следните години бидат исполнети со нови успеси и достигнувања!
Продолжете да го водите патот на квалитетот и иновациите!