Денес 16 октомври е ден што секогаш ќе носи тага и неверување, солзи и неверување за сите кои го познававме, го сакавме и се уште го почитуваме. Трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
Крушево, неговото родно место ќе ги причека маратонците кои ќе пристигнат на Гумење, на неговото вечно почивалиште.
Во 12часот учениците од основното и средното училиште, како и многубројните фанови, блиски пријатели и почитувачи на Тоше ќе положат 600 рози по главната улица по која ќе бидат и пречекани маратонците. 17 години по ред овие млади спортисти и почитувачи на неговиот лик и дело ја трчаат последната маршута од Нова Градишка до Крушево, до вечното почивалиште на нашиот Тоше.
За потсетување Тоше објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик на само 26 години. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во Македонија, го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.
Вечна му слава!


