На 14 јуни традиционално ширум светот се одележува Светскиот ден на крводарителството. Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест за неопходноста од бебезедна крв. Во едно на овој ден се настојува да се насочи вниманието кон луѓето – крводарители кои својата хуманост ја
изразуваат дарувајќи крв волонтерски. Овие луѓе се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на
светско ниво.