Општина Штип го распиша тендерот за изградба на новата обиколница, која ќе се протега од приградската населба населба Железничка, до месноста Рибник, кај Кежовица. Тендерот ќе трае 30 дена и веднаш по изборот на изведувачот и евалуација на проектот, ќе се започне со градежните активности.Обиколницата ќе се гради по сите европски сообраќајни стандарди, ќе биде во должина од 2,9 километри и широка 13 метри и ќе ги порзува влезовите на Штип од Струмица и Скопје. Нејзината изградба ќе чини околу два милиони евра, средства кои Владата ги обезбеди со кредитот од Унгарија.

Освен растеретување на сообраќајот, новата обиколница ќе овозможи и урбанизирање на овој дел од градот, кој сега е запуштен и се користи како дива депонија.

Новата обиколница која ќе ги поврзува влезовите на Штип, од Струмица и Скопје, треба да биде готова за една година.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *