Во Штип денеска  беше пуштен новиот затворен базен, кој ќе служи како спортски и рекреативен центар за граѓаните. Објектот е предвиден да го користат учениците за часовите по физичко воспитување, како и рекреативците, пливачките клубови и спортските здруженија, меѓу кои и ПСК „Челични“.

Базенот е современо уреден и изграден според највисоки стандарди, обезбедувајќи услови за пливање, тренинг и спортски активности во текот на целата година. Просторот ќе биде место за спортски дух, здравје и дружење на сите генерации, со цел поттикнување на здрава младина и создавање на нови генерации пливачи.

Темелите на објектот беа поставени во февруари 2020 година, а за градежните активности Општина Штип од својот буџет издвои 1,4 милиони денари.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *