Од 28 до 30 јуни почнува најголемиот летен фестивал во Македонија „Д Фест“ и  единствениот open-air фестивал кој годинава се одржува по четиринаесети пат.

Со повеќе од 50 музички артисти од домашната и странската сцена  Дојран ќе биде епицентарот на забавата овој викенд. 

„Единствениот настан кој во тридневна авантура спојува музика, уметност, камп, плажа, спорт, работилници, игри, дружење и илјадници најпозитивни фестивалски луѓе во земјава!“, напишаа од „Д Фест“ на нивната Инстаграм страница.

Оваа година фестивалот ќе трае 3 дена и ќе има 6 различни стејџа.

Освен музичката програма и овој пат „Д Фест“ ќе понуди повеќе од 30 најразлични видови уметности и дружби во „ПлоштАрт“. Ќе има стенд ап, живи статуи, повеќе видови на танци, тетовирање во живо, јога, тарот, масажа, бесплатна психолошка помош, базар и многу други активности.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *