Од „ноќен туризам“ до бегството од технологијата, овие трендови ќе бидат популарни во 2025 година.

Во свет полн со стрес и врева, во подем е туризмот насочен кон релаксација и мир. Дестинациите што нудат тишина и природа стануваат сè попопуларни, особено откако СЗО ја нагласи штетноста од вревата, особено од сообраќајот, втората најважна причина за лошото здравје во Западна Европа. Технологијата сè повеќе влијае врз планирањето на патувањата. Се очекува околу 50 отсто од патниците да користат генеративна вештачка интелигенција за избор на дестинации.

Како одговор на „дигиталното согорување“, сè повеќе луѓе бараат можност да запознаваат нови луѓе во реалниот живот. Соло-патувањата стануваат сè попопуларни нудејќи можност за истражување и дружење.

За оние што се навикнати на одмор во Јужна Европа, наместо прашањето: Каде е топло?, сега се поставува прашањето: Каде нема горештини? Така, температурните екстреми ги менуваат навиките на патниците. Северна Европа, каде што летните температури се околу 20 °C, станува сè попопуларна. Исто така, сафари-патувањата се префрлаат од декември на март поради климатските промени и поповолните цени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *