Топлотен бран го зафати Балакнот. Во Грција затворени училишта и градинки
До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Поголема промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и значителен пад на температурата се очекува во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Владата на Република Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки.
Грција од вчера ја зафати топлотен бран со екстремно високи температури што до петок ќе достигнат до 43 степени Целзиусови, а надлежните министерства објавија мерки за заштита на граѓаните, меѓу кои можност за работа од дома за државните службеници, но и за вработените во приватниот сектор, доколку е изводливо.Според грчките метеоролози ова е првиот топлотен бран во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години. Паралелно, поради високите температури, зголемена и опасност од пожари.