Бед Бани го исполни ветувањето дека „целиот свет ќе танцува“, изведувајќи спектакуларен настап на полувремето на Супербоул заедно со Лејди Гага и Рики Мартин пред повеќе од 100 милиони гледачи. Добивај вести на вибер Шоуто беше силно инспирирано од културата на неговото родно Порторико. Сцената беше претворена во порториканска населба со берберница, продавница и препознатлива „casita“, додека меѓу гостите беа Карол Џи, Карди Би, Џесика Алба и Педро Паскал. Настапот беше исполнет со танчери, традиционални мотиви и дури и сцена со вистинска
свадба.
Речиси целиот настап беше на шпански јазик и содржеше бројни симболи поврзани со порториканскиот идентитет и секојдневниот живот на островот – од работници на плантажи до алузии на честите прекини на струја. Со песната „NUEVAYoL“ Бед Бани ѝ оддаде почит на дијаспората во Њујорк, а вметна и омаж на пионерите на регетонот. При крајот на настапот тој испрати и политичка порака, нагласувајќи дека „Америка“ не се само САД, туку целиот континент. Бед Бани е познат по својот активизам и претходно јавно ја критикуваше американската имиграциска политика. На крајот, обраќајќи се на шпански, порача дека успехот го должи на вербата во себе и ги охрабри гледачите да го сторат истото. Последната порака ја упати до Порторико: „На мојата татковина – сè уште сме тука“, испраќајќи силен симбол на истрајност и зачувување на идентитетот.

