Олаф Кученбекер од медиумската компанија „Rekord-Institut fur Deutschland“ рече дека 1.231 луѓе се придружиле синоќа на шоуто на стадионот Форест во Франкфурт, наречен „Гранд Џем“.
Музичарите одговорија на поканата да учествуваат во обидот да се собори рекордот на стадионот. Тие дојдоа во Франкфурт со широк спектар на инструменти – од тапани до електрични гитари.
На листата на настапи се најдоа хитовите на американската пејачка Тина Тарнер, германскиот бенд „Die Toten Hosen“ и ирските рокери „U2“.