Славниот њујоршки магазин „Time“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината.
Пред Меси ова признание го освојуваа бејзбол играчот Арон Џаџ (2022), веќе сега легендарната гимнастичарка Симон Бајлс (2021), кошаркарот Леброн Џејмс (2020), женската фудбалска репрезентација на САД (2019).
Неодамна крунисан со осмата Златна топка, а сега доби големо признание во земјата во која од ова лето ги забавува фудбалските навивачи.Маестрото кој кон крајот на минатата година ја предводеше Аргентина до светската титула во 2023-та година немаше премногу успеси, но и самото негово доаѓање во САД и Интер од Мајами ја одбележа фудбалската сцена во годината која полека ги одбројува последните денови.
„Успеа да го направи тоа што некогаш изгледаше невозможно – ги претвори САД во фудбалска земја“, пишува „Time“.
Со дури 10 гола на седум натпревари Меси го предводеше клубот од Форт Лодердејл до првиот трофеј во историјата – Конкакаф Лига купот, додека во МЛС не успеа да му помогне на Интер да дојде до плеј-офот.