По успехот на наградените филмови како „ Пред дождот “ (1994) и „Медена земја“ (2019), кинематографијата во Северна Македонија прави нов чекор. Оваа година, земјата ја лансираше својата прва анимација, „Јон Вардар против Галаксијата“, која беше премиерно прикажана во Бразил за време на 48. Меѓународен филмски фестивал во Сао Паоло, пишува „Си-ен-ен Бразил“. Медиумот во текстот за првиот македонски долгометражен анимиран филм се навраќа наназад во 2009 година, раскажувајќи дека тогаш режисерот Гоце Цветановски на форум за македонските љубители на стрипот ги открил цртежите кои послужија како прототип за анимацијата. „Јон Вардар против галаксијата“ од 1 ноември е на репертоарот на во Скопје,  во Штип и Велес и Битола.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *