На 19 февруари 2021 година почина „панонскиот морнар“ Ѓорѓе Балашевиќ.
„Ѓорѓе Балашевиќ е најуспешниот автор и изведувач на целиот свет на сите времиња. Најуспешните надвор се некакви Ролинг Стоунс. Тие имаат седум, осум, десет хитови. Имаат дваесет многу познати песни и имаат две-три ‘убијци’, а тоа е ‘Satisfaction’ и можеби уште една. Сите ние имаме така. Нови фосили го имаа генијалецот Рајко Дујмиќ, но има едно големо но. Сите ги знаеме: ‘Добри стари времиња’, ‘Милена’, ‘Кошула плава’, ‘Да те не волим’ — и веќе почнуваме малку да забавуваме“, рече Калембер, па потоа се врати на Балашевиќ:
„Тој, според овие паушални размислувања, има снимено петнаесетина албуми во животот. Значи околу 150–160 песни. Тој има 100 мегахитови. Мегахит е штом почнете, а сите пеат од почеток до крај. Има 50 големи хитови затоа што има песни со толку длабока емоција што не се осмелувате да ги пеете, туку го слушате. И има пет-шест такви што се за веселба. Значи тој е апсолутен, апсолутен гениј“, рече Калембер.
Легендарниот Ѓоле освен како лиричар кој ги пее најинтимните балади, ќе остане и запаметен како огромен критичар на општеството кое беше и е во распад од деведесеттите со крвавата југословенска драма, па сè до денес. Неговите рефрени се честа музичка подлога на секој протест и акција на активистите кои се борат за правно и правично општество.

