Со настанот „Песна за неговата песна“, Културно-информативниот центар – Скопје ќе ја одбележи деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски.

90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. најдаровитиот и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“.

Важи за еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи на сите времиња, драмски автор чии дела претставуваат вистински аманет за македонското творештво.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *