Штип УГД доминира во првиот полуфинален дуел – чекор поблиску до финалето
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД, на убедлив начин ја оправда фаворитската улога и со сигурна игра стигна до експресна победа против Универзитетот во Тетово – 3:0 (25:14, 25:20, 25:21) – во првиот натпревар од полуфиналната серија на плејофот.
На домашен терен, момците предводени од тренерот Кристијан Ристески не му оставија простор за изненадување на противникот и со доминација во сите сегменти од играта ја отворија полуфиналната серија на најдобар можен начин. Уште во првиот сет дадоа јасен сигнал за амбициите – убедливи 25:14 – што ја навести целосната контрола во натпреварот.
Според форматот на натпреварување, во полуфиналето се игра до две победи, што значи дека штипјани веќе на следниот меч можат да го заверaт пласманот во големото финале.
Во второто полуфинале денес од 18:00 часот ќе се сретнат екипите на Струмица и ГОК Борец, каде ќе биде познат и можниот противник на Штип УГД за трофејната борба.