Уште еден голем успех на Штипјанката Радмила Јованова. Таа постави нов Државен рекорд во категорија жени и го освои второто место на трката Паранести планинско трчање во Грција.
Ултрамаратонката Јованова истрча 162 километри за 30 часа и 38 минути.
Претходниот голем успех Радмила го имаше на трката со делница од 110 километри во Истра,Хрватска која беше најдобра Македонка со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди.