Две супермесечини ќе можат да се набљудуваат во текот на август, а првата беше синоќа. Месечината ќе изгледа посветло и поголемо од вообичаено зашто ќе биде оддалечена „само“ 357.530 километри од Земјата. Месечината ќе ни се доближи уште повеќе во ноќта на 30 август, кога ќе биде на 357.344 километри од Земјата. Бидејќи тоа ќе биде втората полна месечина во ист месец, таа ќе биде сина месечина.„Топлите летни ноќи се идеално време за набљудување полна месечина. И тоа ќе се случи двапати во август“, вели Фред Еспенак, астрофизичар од НАСА.