Истражувачи од финскиот универзитет Алто и данскиот универзитет во Архус ја тестирале нервната активност на учесниците додека слушале весела, тажна или страшна музика.

По добивањето на резултатите, тие биле споредени со голем број индикатори за ментална состојба, вклучувајќи депресија, анксиозност и нервоза.

Откритието сугерира дека луѓето кои често слушаат тажни или агресивни мелодии имаат поголема веројатност дека страдаат од вознемиреност и нервоза.

Исто така, анализите покажале дека мажите кои слушаат таква музика имаат помала активност на мозокот во деловите на мозокот одговорни за регулирање на емоциите.

Истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе им помогнат на терапевтите да дадат подобри препораки за пациентите кога станува збор за избор на музика.

 

Сè повеќе истражувања покажуваат и дека музиката позитивно влијае на менталното здравје. За тоа зборува и фактот дека веќе се користи терапија со музика во третманите за анксиозност, депресија и други потешкотии. Еве неколку причини зошто музиката е добра за менталното здравје.

Го намалува стресот

Истражувањата покажуваат дека амбиенталната музика може да го намали стресот и да влијае на тоа да се чувствуваме смирено и опуштено.

Го подобрува фокусот

Понекогаш е тешко да се концентрираме во текот на летото, а затоа музиката може да биде од помош. Таа помага подобро да се фокусирате и да им пристапите на обврските без притисок и стрес.

Ни ја буди носталгијата

Музиката ги активира деловите од мозокот кои се поврзани со сеќавања и емоции, што објаснува зошто вистинската песна може за еден момент да не врати во детството или средношколските денови.

Музиката помага со несоницата

Музиката нè опушта и го намалува стресот, па затоа ни помага и подобро да спиеме. Во истражување од 2018 година, 62 отсто од испитаниците кои страдаат од несаница изјавиле дека користат музика за полесно да заспијат.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *