Социјалните мрежи се направени да создадат зависност. Веб дизајнерите знаат дека рекламната индустрија е спремна да плаќа повеќе пари ако една интернет-страница е популарна и ако луѓето поминуваат многу време на неа. Повеќето експерти велат дека на тинејџерите им се потребни најмалку осум часа сон секоја ноќ, но многумина спијат помалку од тоа. Една причина е тоа што тинејџерите користат социјални мрежи наместо да спијат.
Навечер, чувај ги електронските уреди надвор од собата каде што спиеш. Секогаш кога е можно, немој да користиш електронски уреди два часа пред да си легнеш. Ако ти е потребен аларм да те разбуди, размисли дали би можел да користиш аларм што не е на телефон или таблет.
Што можеш да направиш?
Пробај да направиш пауза од социјалните мрежи — неколку денови, една седмица, па дури и еден месец. Поминувај повеќе време со пријателите лице в лице или преку телефон. Веројатно ќе забележиш дека чувствуваш помалку стрес и дека си посреќен додека паузираш од социјалните мрежи.