Филип Кузмановски презентираше голема храброст и презема одговорност во навистина тешки моменти на натпреварот, па иако преостануваа само четири секунди на семафорот, успеа да испорача „бомба“ за реми.

Нашиот капитен само две минути претходно не реализираше пенал кој можеше да ни донесе важна предност во финишот, но сепак спречи да биде трагичар со извонреден погодок од голема далечина.

Ремек-делото на ракометарот на Еурофарм Пелистер е еден од двата голови кои во досегашниот тек на втората фаза беа постигнати со звукот на сирената, па сосема очекувано, беше одбележан и од ИХФ.

Интернационалната ракометна Федерација ја потенцираше чистата моќ на македонскиот капитен во дадената ситуација, момент кој донесе повеќе од заслужено израмнување за нашите миленици.

Овој погодок ни го донесе првиот бод во втората фаза на мундијалот, која сега ја продолжуваме со дуел со Катар во четврток попладне.

ИЗВОР derbi.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *