Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ ќе одржат концерт во Штип на 21 јуни, на летната сцена на Домот на млади од 19:30 часот. Во октомври 2023 Џамбазов прослави триесет години дружење и соработка со гитаристот Игор Атанасовски познат како Гуру Харе.

Концертот што го одржаа во Филхармонијата беше насловен „Првите 30“, како нивниот заеднички албум. На концертот се славеа два јубилеја, 60. роденден на Џамбазов и 30 години блуз со неговиот музички гуру.

На истата сцена во Штип, на 14 јуни ќе се одржи фестивалот на хип-хоп музика и урбани култури „Од А до Штип”. Настанот ќе биде целодневен. Започнува во 13 часот и ќе продолжи до вечерта.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *