Доли Партон, американската пејачка и текстописец најпозната по нејзината кантри музика, го издаде својот прв рок албум „Рокстар“, нејзиниот вкупно 49-ти албум.

Албумот е нејзин прв налет во рок води. Содржи дури 30 песни и трае 2 и пол часа, а албумот има прилично импресивна листа на рок икони. Тука се Пол Макартни, Елтон Џон, Џоан Џет, Стивен Тајлер, Ричи Самбора, Стинг, Стиви Никс, Пинк и Деби Хари но има и ѕвезди од поновиот поп жанр, како Мајли Сајрус и Лизо.

Доли Партон ја сними „Let It Be“ со Мекартни, Ринго Стар, Питер Фрамптон и Мик Флитвуд.
„Рокстар“ меша нов материјал со преработки. Партон го најави првиот сингл „World on Fire“ овој мај. Албумот е создаден како реакција на нејзиното воведување во Рокенрол Куќата на славните. Партон првично ја одби индукцијата, тврдејќи дека нејзиниот кантри глас нема никаква врска со рокенролот, но на крајот ја прифати наградата.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *