Тејлор Свифт ќе одржи три концерти во германскиот град Гелзенкирхен овој месец во рамките на својата светска турнеја „Ери“, па во нејзина чест, тој привремено се преименуваше во Свифткирхен. Се очекува десетици илјади фанови на поп-пејачката да дојдат во градот за концертите на 17, 18 и 19 јули.

Обожавателката на Свифт, Алесхане Вестхоф, денеска откри жолт знак со новото име на градот, откако почна петиција пред неколку недели, која беше поддржана од градоначалничката Карин Велге.

„Тоа е одлична идеја“, ѝ одговорила Велге на Вестхоф.

Знакот, кој е поставен во центарот на градот, содржи и портрет на Свифт, а во следните денови, вакви знаци ќе осамнат и на други прометни локации во Гелзенкирхен. Концертите на Свифт во еден од најсиромашните градови во Германија се распродадени, а ќе се одржат на стадионот на Шалке, кој може да прими 70.000 фанови.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *