Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат девет натпревари во рамки на 5. коло.
Во првиот дел од вечерта, два натпревари се предвидени за 18:45 часот:
- Милан ќе се соочи со Слован во Братислава, каде „Росонерите“ се фаворити и сакаат да ја продолжат победничката серија по двата триумфа над Реал во Мадрид и Клуб Бриж во Италија.
- Атлетико Мадрид ќе гостува на Спарта во Прага.
Потоа, од 21:00 часот ќе се одиграат седум натпревари:
- Барселона ќе го пречека Брест, каде каталонците ќе се борат за четврта победа во низа во Лигата на шампионите, додека Брест нема пораз на четирите претходни натпревари.
- Баерн Минхен ќе игра против ПСЖ во Минхен, еден од најголемите дуели на колото.
- Спортинг Лисабон го пречекува Арсенал, без тренерот Рубен Аморим, кој дебитираше како стратег на Манчестер Јунајтед.
- Други натпревари:
- Баер Леверкузен – Салцбург
- Интер – Лајпциг
- Ман Сити – Феенорд
- Јанг Бојс – Аталанта.