Александар Трајковски сигурно е еден од нашите најдобри репрезентативци во овој момент, а зад себе сегашниот напаѓач на Ал Фехја има 81 настап за Македонија.
Трајковски во овој момент е и втор стрелец во националниот тим, вчера тој прослави голем јубилеј откако за својот тим го одигра неговиот 300. натпревар во кариерата. Трајковски за Ал Фехја на теренот помина 23 минути, а неговиот тим загуби од Ал Шабаб со 2:1.
На социјалните мрежи Трајковски со фотографија го одбележи својот 300. настап. Во својата богата кариера тој го носеше дресот на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Алборг.
Неговиот гол токму во Палермо каде што го помина веројатно најубавиот период од неговата кариера против Италија ќе остане со „златни букви“ запишан во историјата на македонскиот фудбал.