Квентин Тарантино, не може да се негира дека тој е еден од највлијателните режисери на денешницата. Тој е познат по единствениот микс на насилство, комедија и впечатлива визуализација во неговите филмови. Нема да добиеме продолжение на некој претходен хит. Тарантино ќе ја заврши режисерската кариера со филмот „Филмскиот критичар“ Тарантино сам го напишал сценариото за филмот и се подготвува да започне со снимање оваа есен. Деталите не се знаат, но се зборува дека приказната ќе биде сместена во Лос Анџелес, во 70-тите години од 20 век. Се знае и дека во фокус ќе биде женска главна улога, но не се знае кој ќе ја толкува.