Одличен настап после седум години, имаше Ријана за време на полувремето од финалниот натпревар Супербол на Националната фудбалска лига (НФЛ).
Таа ги испеа сите нејзини поголеми музички хитови кои ѝ ја одбележаа кариерата, почнувајќи од „B— Better Have My Money“, па потоа „Where Have You Been?“, „Only Girl in the World“, „We Found Love“, „Rude Boy“, „Work“, „Wild Thoughts“, „Pour It Up“, „All of the Lights“, „Run This Town“, „Umbrella“ и заврши со „Diamond“.
Што се однесува со сценографијата, пејачката го започна настапот на голема висечка платформа, по што се спушти на сцената и им се придружи на останатите танчари.
За време на целиот настап, Ријана носеше една модна комбинација – впечатлив црвен комбинезон, дијамантски обетки и портокалови патики на луксузната француска модна куќа „Маргиела“ во соработка со „Саломон“. За нејзината последна песна, таа облече и црвено палто од модната куќа „Алаја“ и ракавици од модниот дизајнер Питер Мулие.
Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше нејзиниот труднички стомак и со тоа испиша историја – Ријана е првата бремена пејачка која настапувала на полувремето на Супербол.