Оперската примадона и доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот Милка Ефтимова почина утрово во Скопје на 89 години.

Во својата долготрајна, богата и плодна кариера, таа отпеа четириесет оперски улоги, како и многубројни партии во ораторијални дела и соло изведби, застанувајќи повеќе од 1.200 пати на оперската и концертната сцена, во дваесетина земји низ светот.

Милка Ефтимова беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје,и  наставник во Средното музичко училиште во Штип.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *