На утрешниот меч, играчите и управата на КК Соколи 1933 на најсоодветен начин ќе оддадат почит кон настраданите во трагедијата. Уште еден повик до публиката, да покажеме масовност, хуманост и солидарност! Утре, штипските Соколи “ќе летаат” во чест на трагично загинатите деца
Почитувана публико,
Ве покануваме во сабота на супер важен натпревар против екипата на Црн Дрим.
Влезот на натпреварот ќе биде СЛОБОДЕН, а на вратата ќе биде поставена кутија за донации за помош на настраданите од трагедијата во Кочани.
НАМЕСТО ВЛЕЗНИЦА – БИДИ ХУМАН И ДОНИРАЈ!

