Ова 10-те најскапи шопинг локации во светот, според киријата по квадратен метар, според Cushman & Wakefield:
- Via Monte Napoleone, Милано
- Upper Fifth Avenue (49. do 60. ulice), Њујорк
- New Bond Street, Лондон
- Tsim Sha Tsui, Хонг конг
- Avenija Champs Élysées, Париз
- Ginza,Токио
- Bahnhoftstrasse, Цирих
- Pitt Street Mall, Сиднеј
- Myeongdong, Сеул
- Kolmarkt, Виена
„Виа Монте Наполеоне“ Миланската улица ја надмина Петтата авенија во Њујорк и стана најскапата шопинг улица во светот, со што е првпат европски град да се најде на врвот на листата.
Наемите на улица во срцето на финансиската метропола на Италија скокнаа за 11% во изминатите 12 месеци на 20.000 евра по квадратен метар бидејќи побарувачката ја надминува понудата, се вели во извештајот на групацијата за недвижности Cushman & Wakefield.
За споредба, кириите на познатата Петта авенија, која ги покрива улиците од 49 до 60, останаа рамни втора година по ред на 2.000 долари по квадратен метар.
Зад првите две места, лондонската улица „Њу Бонд“ ја престигна Цим Ша Цуи од Хонг Конг и го зазеде третото место, со закупнини од 1.762 долари по квадратен метар. Авенијата Шанзелизе во Париз се рангираше на петтото место со цена за изнајмување од 1.282 долари.