Наместо модерен и Европски спа центар, здравствен центар, хотел или нешто друго ова место и понатаму останува само како објект од Втората светска војна или објект од времето на Југославија. По речиси 12 години откако е во приватна концесија Бања Кежовица и Култните Л’џи, најголемото природно историско богатсво на град Штип останаа заробени.Единствената бања на Балканот бања Кежовица и пошироко е со речиси исти или уште подобри лековите својства  со германските спа-центри во Баварија, како Баден Баден на Шварцвалд,  Карлови Вари во Чешка,  но не и на изглед.

За илустрација Кочанска котлина – Штип и Лакавичкиот регион имаат  околу 16 геотермални извори, односно повеќе од Сапарева бања во Бугарија и нешто помалку од Банско-Бугарија каде што овие природни ресурси ја движат економијата со дури 70% веднаш по ски-туризмот.

„Македонија ќе развива бањски туризам по словенечки терк“ наслов во медиумите во 2012 за Бања кежовица

Во последните 15 години под голем притисок од страна на посетителите и граѓаните единствено добро што му се случи на овој историски објект кој изобилува со Термални води за лековити цели доживеа само мала реконструкција на самиот базен и ништо повеќе.

Во склоп на Бања Кежовица функционира и Физикалната терапија во штипската бања која е наменета да им служи на 200.000 жители за превентивно ублажување на болести и лекување на спортски повреди, хронични невролошки и ревматoлошки заболувања и многу други состојби, но состојбата и таму иста. За старата зграда со сместувачки капацитети се нема помрднато ниту со прст за подобрување на условите а далеку од тоа да се искористи за изградба на голем Евроспки Спа-центар.

Во последното Интервју со Градоначалникот Иван Јорданов за Angels FM во врска со оваа теме одговори:

„Штета е што Штип има огромен Туристички потенцијал за искористување на Термалната вода а ние тоа го немаме искористено. На дневна основа може да доаѓаат луѓе од страна кои ќе оставаат одреден финасиски бенефит за нашиот град. На една локација беше предвидено изградба на Здравствен центар и едната парцела е вратена на државата односно одземена поради неисполнување на предвидените обврски. Наша цел е најпрво да се донесе тој детален Урбанистички план за да биде мотивација за одредени потенцијални инвеститори за да можат да се изградат содржани кои се потребни на градот вклучувајќи ја и Термалната вода. Станува збор за планови кои се во изработка кои опфаќаат  Не само изградба на Хотел туку и изградба на Старечки дом, спортски рекреативен центар кој ќе даде друга вредност кој не е искористен моментално“ истакна Јорданов кој најави со промена на Урбанистичкиот план нови инвестиции.

Инаку за триесетгодишното користење на термоминералните води на Кежовица и Л,џите, концесионерот  плаќа годишна концесија која што според тарифникот за користење на термоминерални води изнесува 200.000 денари за километар. За парцелите кои што ги користи а чија што површина е помала од еден километар, плаќа околу 180.000 денари годишно.

Давањето  под концесија  на бањата Кежовица требаше да значи и заживување на овој простор. Ј.П Исар  продолжи да добива вода за Градската бања, а исто така и Физикалната терапија што беше еден од условите за добивање на концесијата за термоминералните води. Инаку Штипската фирма- концесионер на ова место требаше да и градежно земјиште за изградба на хотел на локација во близина на бањата Кежовица.

Според сето ова досега кажано најверојатно за Туристичко-Бањски Туризам ќе почекаме уште 30 години.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *