Во Првата кошаркарска лига, Соколи забележаа убедлива победа над Овче Поле со 90–65. Натпреварот се одигра пред полна сала и во убава спортска атмосфера, со навивачи од Штип и Свети Николе. Домаќините уште од почетокот наметнаа брзо темпо и рано стекнаа висока предност, која ја одржуваа до крајот. Во последната четвртина шанса добија и младите кошаркари, кои се запишаа во листата на стрелци. Средбата помина во фер и коректна игра, со добра организација и судење. Следниот викенд Соколи во Штип ќе го пречекаат Бутел, со можност за реванш за поразот во Скопје.
