До четврток спас од горештините и посвежо време.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува опаѓање на температурите до четврток и посвежо време. Во одредени делови од државата ќе биде променливо облачно со нестабилност, дожд и грмежи. Дневната температура до четврток ќе биде во опаѓање, а од петок во постепен пораст.

